Француска ракометна легенда се збогуваше со дресот на „триколорите“

Францускиот ракометар Кентин Мае одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера и повеќе нема да настапува за „триколорите“. 

Мае остави голем печат во националниот тим, за кој одигра 175 натпревари, а сега фокусот го насочува само на клупските настапи во германскиот Гумерсбах. 

Ракометниот ас ја потврди својата одлука во разговор со домашните медиуми, објаснувајќи дека честите повреди си го сториле своето и го натерале на овој чекор. 

Кентин Мае има импресивна кариера во дресот на Франција, со која освои многу медали на Светските и Европските првенства, а исто така има и златен медал од Олимписките игри.