• Мартин Танасковски

Португалскиот ракометар Франциско Е Силва го одигра можеби својот најдобар натпревар во дресот на Алкалоид досега на гостувањето кај Бриксен во Италија во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ. Довербата ја доби од првата минута и одлично се покажа особено во реализаторскиот дел.
„Натпреварот беше доста добар за нас, доста тежок затоа што моравме многу да трчаме, но успеавме да се одлепиме уште во воведните минути и држевме темпо. Не очекував толку брз ритам на еден дуел, нормално дека ги гледавме, анализиравме, но друго е во живо. Бриксен се покажа како доста брз тим. На следниот меч очекувам пак да победиме, за тоа и работиме. Имаме појасна слика за ривалот. Ќе се обидеме да бидеме уште подобри, посебно во одбрана каде сакаме да примиме помалку голови. Даваме 100% од себе на секој меч, Лазаров се обидува да го промени стилот на игра што се игра во првенството, наметнува поинаков стил на игра. Со себе носи големо искуство кое може да ни го даде и не учи на секој тренинг. Задоволен сум како течат работите и се надевам ќе бидеме уште подобри во иднина“, вели Франциско е Силва.
Алкалоид реваншот од осминафиналето во Европскиот Куп на ЕХФ ќе го игра следниот викенд, а претходно ма еден домашен дуел со Фруитленд Борец од Велес.