Хосни се врати во Франција, ќе игра во тимот на тунискиот селектор
Тунискиот ракометен репрезентативец Усама Хосни официјално го замени македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер со францускиот прволигаш Шарт. По неколку успешни сезони поминати во Битола, десниот бек се враќа во Франција каде претходно настапуваше за неколку екипи.