• Мартин Танасковски
Женската ракометна селекција на Франција до 20 години дојде до титула на младинското Светско првенство (СП) кое се одржа во Скопје.
Французинките во возбудливо финале славеа над селекцијата на Унгарија (29-26). Мечот беше израмнет, а се реши во второто полувреме. За Французинките ова беше прва младинска светска титула во историјата.
Претходно, селекцијата на Холандија во мечот за третото место беше подобра од Данска (34-28). Петтото место го освои Португалија со победа над Шведска (26-25), а во дуелот за седмото место, Исланд ја доби Швајцарија (29-26).
Македонија на овој планетарен собир заврши како шеснаесетта.