Франција со 40-ка за Грција, Словенија и Исланд не видоа мака

Ракометната репрезентација на Франција ја оправда фаворитската улога и убедливо славеше на гости кај Грција (31-40) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2021 година.

„Галските петли“ во првиот дел постигнаа 22 гола во мрежата на противникот, создадоа сигурна предност и костантно ја држеа цел натпревар. Мае и Фабрегас беа најдобри кај Франција со по шест гола, а Турнат постигна пет, додека кај јужниот сосед, Илиопулос постигна седум гола.

Сигурна беше и Словенија, во натпреварот против Турција (22-30). Јуре Доленец беше незамелнив на теренот со 12 постигнати гола од 13 обида, пред Кодрин, Макуч и Новак со по четири гола, а кај Турците, Бичер даде седум гола.

Слична победа извојува и Исланд на гости кај Израел (20-30). Сите ракометари кои беа во протоколот кај „рибарите“ добија шанса, а Јонсон и Кристијансон имааа по пет гола и завршија како први стрелци пред Гудјонсон со четири. Кај Израелците, Дајан даде три гола.