• Иван Димовски
Ракометната репрезентација на Франција забележа историска победа над Португалија од 46-38 во главната фаза на Европското првенство.
„Триколорите“ одиграа навистина неверојатен натпревар и на истиот забележаа три рекорди на евро-шампионатите. Франција и Португалија поставија нов рекорд по бројот на постигнати погодоци на еден натпревар, бидејќи комбинираа вкупно 84. На стартот на шампионатот беше поставен рекордот со победата на Словенија над Црна Гора од 41-40, а претходниот го држеа Белорусија и Исланд (39-38) од 2016 година.
Освен тоа, Французите постигнаа најмногу голови на еден натпревар, вкупно 46 и ја повторија партијата која ја имаа против Украинците во првата групна фаза. Освен тоа, рекордни се и 28. погодоци во првото полувреме кои избраниците на Гијом Жил ги постигнаа.





