Франција победнички ја започна одбраната на тронот, Норвешка и Шведска не дозволија изненадување

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Бранителот на титулата, селекцијата на Франција успешно го отвори Мундијалот во Германија и Данска, откако во рамките на групата А потешко од очекуваното го совлада Бразил со 22-24 (13-16)

„Кариоките“ одлично започнаа и имаа водство во првите 20-тина минути, но во финишот на првиот дел избраниците на Динар, предводени од расположените Гигу и Мем, успеаја да направат пресврт и на одмор да заминат со предност од 13-16.

Второто полувреме Французите го започнаа со серија од 0-3 и се одлепија на највисоки +6 (13-19). Но, Бразилците не се откажуваа, возвратија со иста серија и долго време имаа активни -2, а во 50. минута стигнаа и до 21-21. На, на тоа „триколорите“ веднаш реагираа со два брзи гола и на крајот славеа победа од 22-24. Најефикасни кај Французите беа Гигу и Мем со по шест гола, а кај Бразил Толедо запиша осум гола.

Во останатите натпревари од вечерниот термин, Норвешка и Шведска славеа очекувани победи против соодветните селекции на Тунис, односно Египет. Шведска, во меч во кој од самиот почеток имаше предност, на моменти и највисоки +5, на крајот славеше минимална победа од 27-24. Ракометарите на Египет, кои ги води поранешниот тренер на Вардар, Давид Дејвис, во самиот финиш израмнија на 23-23, но немаа сили за целосен пресврт. Најефикасен кај Шведска беше Нилсон со пет гола, а кај Египет, Ел-Ахмар постигна исто така пет погодоци.

Норвешка го совлада Тунис со 34-24, а најзаслужен за триумфот беа Јондал со седум и Сагосен со шест погодоци. Кај Тунижаните најефикасен беше Џабалах со пет погодоци.

СП, Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ФранцијаФранција 5 4 1 0 138:113 25 9
2 ГерманијаГерманија 5 3 2 0 142:110 32 8
3 БразилБразил 1 5 3 0 2 127:129 -2 6
4 РусијаРусија 1 5 1 2 2 131:127 4 4
5 СрбијаСрбија 5 1 1 3 127:146 -19 3
6 КорејаКореја 5 0 0 5 124:164 -40 0