Франција ја совлада Србија за полуфинале на ЕП, Норвешка остана максимална

Во последните два натпревари од втората фаза на Европското првенство во Шведска, фаворитите Норвешка и Франнција без многу проблеми запишаа нови победи. Ракометарките на Франција ја совладаа Србија со 28-21 (15-12) и обезбедија пласман во полуфиналето. Во победничкиот тим најефикасни беа Нзе Минко и Аиглон со по 6 гола, а кај Србинките се истакнаа Стоиљковиќ со 6 и Пол-Лазиќ со 5 гола. Во него Франција ќе игра против фаворизираните Норвежанки.

Французинките водеа скоро во целиот тек на натпреварот, со исклучок на почетокот и крајот на првиот дел кога Србија за последен израмни на 12-12. Во вториот дел Србија успеа да се доближи на 17-18, но во продолжение „триколорките“ не дозволија изненадување, ја зголемуваа предноста и стигнаа до убедлива победа од 28-21.

Ракометарките на Норвешка го задржаа максималниот ефект, славејќи победа против Чешка со високи 35-24 (18-17). Најефикасна кај Норвешка беше Морк со 6 гола, а Хрбкова запиша 7 гола за Чешка. Во полуфиналето Норвешка ќе игра против Франција, а во вториот полуфинален дуел Холандија ќе вкрсти со Данска.