• Саше Љолес
Репрезентацијата на Франција е последниот полуфиналист на Светското ракометно првенство, откако во четвртфиналниот дуел ја совлада селекцијата на Данска со конечен резултат 26-31.
„Триколорите“ прикажаа феноменална игра и уште во првиот дел водеа со пет гола разлика (12-17), а потоа не им дозволија на Данките никакви шанси за кам-бек во мечот и заслужено се најдоа меѓу четирите најдобри на турнирот.
Франција постојано водеше, имаше и највисоки +7 двапати во второто полувреме, па така, на крајот се избори за прилично лесен и сигурен триумф. Најдобра ракометарка во победничкиот состав беше Сара Букти со седум голови, а во селекцијата на Данска десет погодоци впиша Кристина Јоргенсен.
Следен противник на Французинките ќе им биде ко-домаќинот на планетарниот собир, Германија. Вториот патник во големото финале ќе го даде двобојот помеѓу Холандија и Норвешка.




