Франција гледа кон четвртфинале, Египет покажа моќ со Белорусија

Ракометната репрезентација на Франција во финишот славеше над Исланд (28-26) и се зацементира на првото место во втората фаза кое води во четвртфиналето.

„Триколорите“ се мачеа до самиот финиш, а потоа на сцена стапија Мем и Фабрегас и со два врзани гола ја донесоа победата. Најдобар кај Франција беше Мем со седум гола, пред Фабрегас со пет, а Мае даде четири, додека кај Исланд, Елисон стрелаше девет пати.

Рутинска победа забележа Египет над Белорусија (35-26) и го задржа врвот на табелата на Мундијалот кој го игра на домашно тло. Легендата Ел Ахмар реализира осум пати, а Шебиб даде пет гола, додека кај следниот ривал на Македонија, Валјупов имаше четири гола.

Франција е апсолутен лидер во групата, а ако Португалија ги победи Французите со разлика од еден до шест гола во последното коло од втората фаза, „галските петли“ заедно со пиринејската репрезентација патуваат во четвртфиналето.