Франција даде 28 гола во едно полувреме и комплетно ја „збриша“ Португалија!

Репрезентацијата на Франција комплетно ја оправда фаворитската улога и убедливо ја совлада Португалија со 46-38 во третото коло од главната фаза на Европското првенство. 

Дуелот од првата група мина целосно во знакот на „триколорите“, кои одиграа неверојатно прво полувреме и постигнаа дури 28 голови, наспроти петнаесетте на противникот. 

Во вториот дел видовме нешто полежерна игра на Французите, но имаа повеќе од доволна залиха за да ги освојат бодовите со кои остануваат во сериозна игра за пласман во полуфиналето. 

Најдобар поединец во победничкиот состав беше Дика Мем со осум голови, Фабрегас додаде уште шест, а на спротивната страна имаше дури петорица ракометари со по пет погодоци (Брандао, Бранкињо, Фраде, Итуриза и Роча. Франција во следното коло ќе игра со Шпанија, а Португалија ќе ги одмери силите со селекцијата на Норвешка