Франција чекори кон достигнувањето на Југославија од 1984 година

Франција Југославија

Франција е ракометна нација, а нов доказ за тоа е пласманот во финалните натпревари во машка и женска конкуренција на Летните Олимписки Игри во Токио.

Ракометарите предводени Гијом Жил во полуфиналната фаза го елиминираа Египет. На патот до нов златен медал ќе мора да победат против првиот фаворит и бранителот на тронот од пред пет години, Данска. Репрезентативките на Франција ја надиграа Шведска и го повторија успехот на своите колеги. Последна пречка пред највисокото место на пиедесталот ќе им биде Русија.

Со победи во финалните пресметки, Франција може да го повтори успехот на Југославија од 1984 година. Тогаш двете југословенски репрезентации си заминаа дома со златното одличје.

Тоа е единствениот пат во историјата кога бил постигнат ваков успех на олимпискиот турнир.