Францускиот женски ракомет се најде во голем скандал поради сериозни санкции што ги воведе Националната контрола на спортска дисциплина. Неколку клубови во највисоката и во втората лига добија строги казни поради финансиски и административни неправилности.
Искусниот ракометар Бакари Дијало би можел да биде едно од најинтересните имиња на претстојниот трансфер-пазар во Франција. Според извори од француските медиуми, ракометарот на Тулуз е во сериозен фокус на неколку водечки клубови.
Францускиот ракометен клуб Брест официјално потврди дека десното крило Ана Вјахирева ќе го напушти тимот по завршувањето на актуелната сезона. Русинката пристигна во Брест пред почетокот на минатата сезона од норвешкиот Кристијансанд, а веќе подолго време во европските ракометни кругови се шпекулира дека нејзината следна дестинација би можела да биде данскиот гигант Оденсе.
Данскиот стручњак Стефан Мадсен имаше неславно деби на клупата на Пари Сен Жермен, откако неговиот нов тим ја загуби првата битка за трофеј во новата сезона во францускиот ракомет.
Иако ги нема многу, македонските ракометари играле во францускиот ракометен шампионат низ историјата. Од денес македонската колонија во земјата на ракометните професори од Франција е побогата за уште еден член.
Еден од најмалку активните клубови во Франција, вицешампионот Нант, конечно доведе две нови имиња на почетокот на овоиј месец. По потписот на Турченко, третопласираната екипа од последното издание на Лигата на шампионите договори нов голман.
Тажни вести пристигнуваат од Франција. Поранешниот ракометен репрезентативец, Денис Лату, почина во шеесеттата година од животот, после долга борба со леукемија.
Mакедонската репрезентативка на позицијата десен бек, Ива Младеновска, ќе продолжи да го носи дресот на француски Безансон и следната сезона, откако потпиша договор со клубот до 2026 година.
Со потписот на Матео Мараш беше најавена смената на генерации во ПСЖ. Клубот од градот на светлината потпиша и со Себастијан Карлсон и Карл Конан од Монпелје и со кружниот напаѓач на Силкеборг Микел Локвист. Вчера „светците“ го претставија и петтото ново име за сезоната 2025/26.