Флензбург во вториот дел ја разби Војводина, победа за Силкеборг во Шафхаузен

Екипата на Флензбург забележа огромен триумф над Војводина во 4. коло од групата 3 во Европската лига на ЕХФ и славеше со конечни 42-30. Германскиот гигант комплетно ја оправда фаворитската улога и се зацврсти на првата позиција, која гарантира директно учество во четвртфиналето. 

Првото полувреме понуди голема ефикасност и заврши со резултат 20-16, а клучната разлика Флензбург ја направи на стартот од вториот дел и потоа само рутински ја одработи задачата. Српскиот тим немаше сили да парира и на крајот го запиша четвртиот пораз во оваа група, со што ги сведе на теорија шансите за прогрес во осминафиналето. 

Најефикасен во победничкиот табор беше Јоханес гола со осум голови, додека кај Војводина најмногу се истакна феноменалниот Грегор Оцвирк, кој запиша дури 12 погодоци зад своето име.  

Во истата група, данскиот Силкеборг изојува гостинска победа кај Кадетен Шафхаузен со минимални 33-34 и сега избива на второто место со четири бода, исто колку што има и Швајцарскиот тим. 

На останатите натпревари во овој термин, Динамо Букурешт славеше во романското дерби со 25-33 над ЦСМ Констанца во меч од четвртата група, додека во втората група, екипата на Скјерн во самиот финиш загуби од Савехоф со конечни 33-34. 

Најнови вести од
Европска лига