Флензбург во финишот го надигра Монпелје и ја освои бронзата во ЕЛ!

Ракометарите на Флензбург го освоија бронзениот медал во Европската лига на ЕХФ, откако во натпреварот за третото место беа поуспешни од екипата на Монпелје со конечни 30-32. 

Бевме сведоци на целосно израмнета игра во првото полувреме, ниту еден од ривалите не успеа да создаде поголема предност, па така на паузата екипите заминаа со резултат 16-16. 

Конечниот удар Флензбург го зададе во завршницата од мечот, кога првпат „побегна“ на четири гола позитива. Французите се обидоа да сторат нешто повеќе во финишот, но веќе беше предоцна за евентуален „кам-бек“. 

Најдобар поединец во победничкиот состав беше Симон Питлик со седум голови, а на спротивната страна, шест погодоци запиша Звонимир Срна. Во големото финале се среќаваат екипите на Мелсунген и Кил