• Зоран Мишевски

Според неколку германски и скандинавски медиуми, Флензбург нашол замена за долгогодишниот тренер Маик Макула, кој неодамна го напушти кормилото на тимот од северот на Германија.
Се работи за дански тренер кој веќе некое време многу успешно го води ГОГ Гудме, Николеј Крикау. Само прашање на време е кога ќе се официјализира претстојната соработка меѓу двете страни. Флензбург на тој начин ја продолжува традицијата на доведување тренерски кадри од Данска. Клубот веќе ги потпиша Симон Питлик и Лукас Јергенсен, исто така дански репрезентативци.
36-годишниот Крикау пред нешто повеќе од еден месец потпиша нов договор со ГОГ Гудме, до 2025 година, но со откупна клаузула која ќе ја плати Флензбург и ќе го донесе во Германија. Мајк Макула доби отказ пред три недели по серијата лоши резултати. Тој го водеше првиот тим од 2017 година и освои две титули во германскиот шампионат.