• Мартин Танасковски

Продолжи втората групна фаза во Европската лига на ЕХФ, а во првите четири меча од 18:45 часот немаше изненадувања.
Фаворитот Монпелје на домашен терен беше сигурен со Криенс од Швајцарија кого го совлада со 31-27 и остана максимален, со три победи на три меча во групата од натпреварувањето на ЕХФ. Прв стрелец кај победникот беше Хешам со шест гола, Карлсон додаде пет, а кај гостинот, Шипиќ реализира седум пати.
Победа забележа и Флензбург, кој предводен од новиот тренер Пајовиќ славеше во бундес пресметката со Гумерсбах (36-31). Гоља блескаше со десет гола, а Данците Јакобсен и Питлик додадоа по седум, додека кај Гумербах, Костер даде седум, а Кодрин погоди шест пати.
Натпреварот меѓу Иштад и Лимож заврши со триумф на гостите (32-36), додека Гранољерс и ГОГ Гудме одиграа нерешено (36-36).