Флензбург го „реши“ Магдебург, Пешевски одличен за Штутгарт во поразот од Фуксе

Екипата на Флензбург не отстапува од трката за титулата во Бундеслигата, откако во денешното дерби со освојувачот на Европската лига, Магдебург славеше сигурна победа од 33-30 (13-16).

Со денешните бодови, до кои стигна преку пресврт и со фантастично второ полувреме, шампионот на Германија од пред две сезони се доближи на само еден бод до бранителот на титулата Кил, на шест кола до крајот на најквалитетното ракометно натпреварување во Европа. 

Од денешната програма на Бундеслигата, екипата на Штутгарт повторно забележа неуспех и на свој терен беше поразен од Фуксе Берлин со 25-28. Нашиот репрезентативец Жарко Пешевски имаше одлична партија и зад своето име забележа три гола, еден во првото полувреме и два во самиот финиш од натпреварот. 

Изненадувањето на вечерта го приреди тимот на Белинген, кој на свој терен со минимални 32-30 славеше над фаворизираниот Рајн Некар Левен, додека новиот тим на вардарецот Ловро Јотиќ, Лајпциг со со 24-21 беше поуспешен од Минден.