Флензбург го надигра Целје и победнички ја заокружи групната фаза

Флензбург го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите и оствари сигурна победа на домашен терен против Целје Пивоварна Лашко (29-26). Бундеслигашот врза четири победи во низа и ја потврди четвртата позиција во групата А. 

Моментот на одлука на денешната средба беше првиот дел, кој домашните ракометари го добија со три гола разлика. Оваа предност остана иста до крајот на натпреварот, откако словенечкиот тим не успеа да се избори за пресврт во продолжението.

Ова беше втор триумф на германската екипа во овосезонските дуели со Целје. На првиот запиша минималец на гостувањето во „Златорог Арена“.

Гоља со осум погодоци беше незадржливе во редовите на Флензбург, а кај поразената екипа се истакнаа Цокан и Разгор со по шест реализации.

 
Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3