Флензбург е Бундес-првак, Талески заврши со пораз, а Миркуловски со триумф

Екипата на Флензбург е шампион во германската Бундеслига затоа што во последното коло не дозволи изненадување и остана на тронот.

Флензбург на гости славеше кај Бергишер (24-27) и ја задржа предноста од два бода во однос на директниот ривал Кил, кој исто така извојува триумф над Хановер (30-26), но истата е пирова затоа што останува на второто место.

Талески и Рајн Некар Левен завршија со пораз, на гостувањето кај Лајпциг (28-26). Нашиот репрезентативец доби солидна минутажа, но немаше добар настап, затоа што даде само еден гол од седум обида.

Филип Миркуловски, пак, и неговиот Вецлар приредија изненадување и победија кај Фуксе Берлин (25-27). Средниот бек имаше три гола од пет обида и додаде уште една асистенција зад своето име.

Наредната сезона од Бундеслигата во Лигата на шампионите ќе играат Флензбург и Кил, додека Магдебург, Рајн Некар Левен и Мелсуген патуваат во ЕХФ Купот.