• Сашо Поповски

Германски Флензбург ја однесе победата од гостувањето во Шведска кај Кристијанштад (22-26) и воочи реваншот обезбеди солидна предност, која би можела да биде клучна на патот до четвртфиналето од Лигата на шампионите (ЛШ).
Иако имаа минимална негатива на полувреме, Германците направија пресврт и со пеколна завршница се изборија за позитивен резултат. Предводени од денес одличниот Хампус Ване, кој го заврши мечот со осум гола, гостите си заминаа дома со сигурни 22-26 во пресрет на реваншот наредната недела.
Џим Готфридсон се надоврза со пет погодоци во тимот на Флензбург, а кај домашниот тим се истакна Албин Лагергрен со шест постигнати гола. Победникот од овој двобој ќе игра со подобриот од дуелот Барселона - Монпелје.