Флензбург ја уништи Бенфика со 13 разлика, само чудо може да го елиминира од ЕЛ

Само чудо може да го остави германскиот ракометен гигант Флензбург од пласман во четвртфиналето во Европската лига, откако бундеслигашот на првата средба со Бенфика извојува убедлива победа од 26-39.

Германците одиграа пеколно прво полувреме и веќе на полувреме се изборија за огромна позитива од единаесет гола (10-21). Во вториот дел Бенфика заигра нешто поефикасно и поквалитетно, но не избегна бламажа пред својата публика и загуби со тринаесет гола разлика. Емил Јакобсен со девет гола беше најпрецизен кај Флензбург, додека за Бенфика се истакна Боргес Силва со пет погодоци.

Еден од противниците на Еурофарм Пелистер во групната фаза, Скандерборг Архус од Данска имаше тежок натпревар против шпанскиот претставник Грањолерс и реваншот ќе го пречека со позитива од само два гола (32-34).

Победа во првата осминафиналната средба забележа и тимот на Бидасоа Ирун, уште еден тим кој го групната фаза играше во Битола. Шпанците пред својата публика го совладаа Спортинг со 30-27, иако на полувреме имаа негатива од еден гол (11-12).

Возвратните натпревари се играат следниот вторник.

Најнови вести од
Европска лига