Фленсбург го уништи Савехоф, минималец за Динамо против Скјерн

Ракометарите на Флензбург се со една нога на завршниот турнир во Европската лига на ЕХФ, откако славеа со убедливи 30-41 во првиот четвртфинален дуел против екипата на Савехоф. 

Германскиот гигант имаше дури осум гола предност на паузата (14-22), а во второто полувреме само рутински ја доработи задачата и на крајот славеше со конечни 30-41, обезбедувајќи си огромна предност во пресрет на реваншот. 

Најефикасен играч на мечот беше Данецот Емил Јакобсен, кој постигна девет голови, додека кај Савехоф по шест погодоци постигнаа Феликс Молер и Емил Берлин. 

Победа на домашен терен оствари екипата на Динамо Букурешт, која го совлада тимот на Скјерн со минимални 28-27 и ќе има тешка задача да ја задржи предноста на реваншот во Данска. Најефикасен во победничкиот состав беше Лазар Кукиќ со седум постигнати голови. 

Четвртфиналните реванши во Европската лига на ЕХФ се закажани за 30 април.