Фински Кокс падна пред новиот суперлигаш Мулти Есенс

Новиот македонски суперлигаш Мулти Есенс одлично го отвори турнирот „Миле Нешкоски“ и успеа во првиот натпревар да слави над финскиот гостин Кокс (26-29).

Младиот тим се надигруваше со ривалот целата средба и на крајот дојде до посакуваниот резултат. Во 17. минута резултатот во Прилеп беше изданечен 7-7, потоа и 9-9, а првото поосетно водство за македонскиот тим беше 9-11.

Позитивата од два гола за Мулти Есенс остана и до полувремето (14-16) и на стартот на вториот дел таа ралзика се одржуваше. Кокс се врати во мечот по десет минути игра во вториот дел кога беше 19-19, но серија од три гола го вивна младиот македонски тим кон победата.

  • Комплетниот натпревар меѓу Кокс и Мулти Есенс: 

Следниот натпревар за Мулти Есенс на турнирот „Миле Нешкоски“ е утре (сабота) кога од 13:00 часот тимот игра со Еурофарм Пелистер 2.