Филип Талески и дружината со медал одат на мегдан со ГРК Охрид!

Унгарска Татабања официјално го освои бронзениот медал во унгарскиот ракометен шампионат за сезоната 2025/26 пред натпреварот со ГРК Охрид во финалето на ЕХФ Купот.

По завршувањето на 26. коло, „сините тигри“ во чии редови настапува македонскиот интернационалец Филип Талески ги добија бронзените медали, откако тимот предводен од Едмонд Тот ја заврши сезоната со освоени 40 бодови.

Медалите на ракометарите им ги врачија градоначалничката на Татабања, Илона Сучне Поштович, како и претседателот на Унгарската ракометна федерација, Ференц Иљеш.

Од клубот истакнаа дека освоениот бронзен медал е резултат на голема работа, тимска поврзаност и заедничка борба во текот на целата сезона, како на теренот, така и надвор од него.