Филип Миркуловски прв тренер на Вецлар заедно со спортскиот директор!

Екипата на Вецлар направи тренерска промена поради лошите резултати и го отпушти Бенџамин Матшке, а на негово место доаѓа неговата „десна рака“, македонскиот тренер Филип Миркуловски.

Откако во 13 кола Вецлар доживеа девет порази, челниците проценија дека е време за промена. Матшке доби отказ, а неговите задачи во следниот период ќе ги водат спортскиот директор Јасмин Цамџиќ и Филип Миркуловски.

Велцар му се заблагодари на Матшке за придонесот во клубот и му посака среќа во кариерата. Во последниот меч тимот загуби од Хамбург, а по 15 одиграни кола во Бундеслигата, Вецлар се наоѓа на 15. место со само седум бода.