Раул го пријави Велко Маркоски на местото на Филип Лазаров против Германија

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Селекторот на македонската реорезентација, Раул Гонзалез за денешниот натпревар против Германија го пријави дефанзивецот на Доброгеа Суд, Велко Марковски на местото на Филип Лазаров. Ова е прва замена која ја користи Шпанецот од почетокот на турнирот. 

Заради повреда на мускулот на ногата помладиот Лазаров не тренираше со полн интензитет и стручниот штаб нема да ризикува. 

Велко Маркоски ќе ја засили одбраната и треба да биде еден вид одговор на одлуката на селекторот на Германија, Кристијан Прокоп, кој го повика 205-сантиметри високиот специјалист за одбраната на Мелсунген, Фин Лемке.