Филип Лазаров сам го победи Хомберг и избран е за играч на мечот 

Македонскиот репрезентативец Филип Лазаров продолжува со одличните настапи за својот Ратинген, a на последниот натпревар против Хомберг имаше блескава партија и беше најзаслужен за високата победа од десет гола разлика (33-23). 

Искусниот десен бек против Хомберг зад своето име запиша осум гола и заслужено беше награден со признанието – играч на натпреварот.

По 21. одиграно коло во регионалната лига на Германија екипата на Ратинген, за која уште настапуваат и Ацо Јоновски и Петар Ангело,в котира високо на табелата, односно на втората позиција веднаш зад лидерот Динслакен.