Филип Лазаров е со Македонија, во дрес „тежок“ европска титула!

Машката ракометна репрезентација на Македонија го игра својот втор натпревар на Европското првенство кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка, а поддршката од трибините нема да изостане.

Меѓу македонските навивачи во Хернинг на мечот со Португалија ќе биде и поранешниот репрезентативец Филип Лазаров, брат на селекторот на националниот тим, Кирил Лазаров.

Иако во моментов е целосно посветен на тренерската работа и го предводи германскиот состав Ратинген Интерактив, Лазаров најде време да допатува во Данска и во живо да ги бодри „црвено-жолтите“.

Посебно внимание привлече и неговиот избор на дрес. Филип Лазаров на трибините се појави облечен во дрес на Вардар со бројот 5, кој му припаѓаше на Стојанче Стоилов.