ФОТО: Филип Кузмановски со нов тренер и нов број во Хановер

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски и неговиот Хановер тргнаа во подготовки за новата сезона во германската Бундеслига.

Кузмановски на првиот собир се запозна со новиот тренер Кристијан Прокоп, кој на кормилото на бундеслигашот го замени Карлос Ортега.

Воедно, Кузмановски ќе има и нов број во новата сезона во Хановер. До лани тој го носеше дресот со број четири, додека од оваа сезона ќе го има својот претходен број од Металург и во репрезентацијата, бројот 18.

На првата прозивка на Хановер, отсутни беа Јонатан Едвардсон и Јохан Хансен затоа што со Шведска, односно Данска се дел од Летните Олимписки Игри во Токио.