Кузмановски со гол во финишот на дебито му донесе победа на Магдебург

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше одличен старт во германскиот бундеслигаш Магдебург и на првиот натпревар со погодок во самиот финиш успеа да донесе триумф за својот нов тим.

На турнирот „Мегавудсток“, Магдебург играше дерби-дуел со Лајпциг, кој се играше во формат две полувремиња по 20 минути. Натпреварот заврши со резултат 14-13 (7-6), а Кузмановски го постигна победничкиот гол во самиот финиш на мечот.

Нашиот ракометар на овој меч имаше два постигнати гола, исто колку и уште тројца ракометари на Магдебург, најефикасни на мечот.

Кузмановски во редовите на Магдебург пристигна од битолски Еурофарм Работник, а претходно во кариерата настпауваше за Металург. Трансферот во Бундеслигата се очекува да биде голем чекор напред за него, во градењето на кариерата.