Филип Кузмановски скина лигаменти, го очекува долга пауза

Победата на Македонија над Турција на крајот на квалификацискиот циклус кон Европското првенство зеде голем данок.

Повреда во СЦ „Борис Трајковски“ заработи Филип Кузмановски. Македонскиот бек уште во првиот дел од натпреварот доживеа незгодна повреда, па на носилки беше изнесен од теренот. По враќањето во Германија, лекарскиот тим на Вецлар утврди дека Кузмановски има скинати лигаменти на десната нога. 

Засега докторите не можат да утврдат за колку време Кузмановски би можел да се врати на терените. Бекот со сигурност нема да игра на крајот на сезоната, а под знак прашалник е и стартот на следната. Повредите на лигаментите се незгодни, па Кузмановски го очекува тежок период на заздравување.