Филип Кузмановски се враќа во тимот на Вецлар

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се враќа во тимот на Вецлар откако принудно мораше да паузира.

Средниот бек беше надвор од составот поради болест, но од Вецлар објавија дека медицинскиот тим дал зелено светло за негово враќање. Кузмановски ќе биде во ростерот на бундеслигашот во домашната лига против Рајн Некар Левен.

Филип Кузмановски оваа зима направи трансфер и на полусезоната во Германија премина од Хановер во редовите на Вецлар каде соработува со доскорешниот репрезентативец Филип Миркуловски кој е во улога на асистент.