ВИДЕО: Филип Кузмановски го има третиот најубав гол во колото на ЛШ

Македонскиот репрезентативец и капитен на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, повторно се најде во центарот на вниманието во ракометна Европа, откако неговиот погодок беше избран за трет најубав гол на колото во Лигата на шампионите.

Во мечот кој го одиграа битолчани против Загреб, на истекот на 14. минута, Кузмановски презеде одговорност и со прецизен и моќен удар од девет метри успеа да реализира еден од најатрактивните голови во ова коло.

Иако неговиот гол доби признание од ЕХФ и заврши меѓу најдобрите потези во неделната изборна листа, Еурофарм Пелистер не успеа да го крунисува добриот индивидуален момент со позитивен резултат. Тимот од Битола го загуби натпреварот со 27-23, и покрај тоа што во голем дел од мечот имаше солидни периоди на игра.