Филип Јиха избран за тренер на сезоната во Бундеслигата

Младиот стратег кој запиша одлични резултати со својот Кил, Филип Јиха, оваа сезона е избран за тренер на годината во Бундеслигата. 

Поранешниот чешки бомбардер во изборот во кој учествуваа неговите колеги од останатите клубови и спортските директори, како и фановите, доби најмногу гласови и го наследи својот „учител“ Алфред Гисласон, кај кого ова признание заврши во минатата сезона. 

За Јиха ова беше прва сезона како прв тренер на Кил, за кого како играч настапуваше од 2007 до 2015 година. 

Последни пет лауреати: 
2019/20: Филип Јиха (Кил)
2018/19: Алфред Гисласон (Кил)
2017/18: Николај Јакобсен (Рајн-Некар Левен)
2016/17: Kai Каи Вандерсшнејдер (Вецлар)
2015/16: Кристијан Прокоп (Лајпциг)

Сезоната во Бундеслигата беше прекината на седум кола до крајот, а Кил беше лидер со два бода повеќе од второпласираниот Флензбург.