Филип Ивиќ го засили Целје Пивоварна Лашко

Хрватскиот голман Филип Ивиќ од денес е нов член на словенечкиот првак Цепје Пивоварна Лашко. 27-годишникот доаѓа како големо засилување во „Златорог Арена“, откако претходно ги бранеше боите на ППД Загреб, Гумерсбах и Киелце.

„Многу ми е драго што сум тука. Одлуката не беше претешка, бидејќи Целје е традиоционален клуб, редовен учесник во Лигата на шампионите и клуб со веќе одреден систем. Многу пати сум бил во Целје како гостин и секогаш ми било пријатно заради прекрасната атмосфера“, кратко изјави Ивиќ.

Ивиќ собра 37 настапи за хрватскиот национален тим, а освојувач е и на бронзен медал од Светското првенство во 2013 година. За Гумерсбах потпиша додека клубот беше бундеслигаш, но по испаѓањето од елитата, патиштата на голманот и клубот се разидоа.