• Зоран Мишевски
Еден од најдобрите хрватски ракометари, Филип Главаш, стана голем хит по минатогодишното Светско првенство, а пред ова Европско првенство, има понуда за трансфер во кариерата. Барем така тврди угледниот „Билд“.
Германскиот клуб Мелсунген наводно е заинтересиран да го доведе играчот на Загреб, а парите не би требало да бидат проблем за клубот од Бундеслигата. Главаш во кариерата играл само за клубови во Словенија и Хрватска, а трансфер во Германија одамна заслужи, благодарение на неговите настапи во Загреб и хрватскиот национален дрес.
Крилото има договор со Загреб до 30 јуни, а би можел да се пресели во Германија дури и пред истекот доколку Германците платат обештетување.
