ФОТО: Филип Арсеновски позираше со дресот на Цирих

Македонскиот кружен напаѓач Филип Арсеновски денес позираше со дресот на новиот клуб Амичитија Цирих. 

Младиот пивотмен, откако доби согласност од Еурофарм Пелистер 2 за заминување, се реши својата кариера да ја продолжи во еден од најдобрите швајцарски клубови и актуелен освојувач на националниот Куп. Арсеновски е производ на школата на Металург, а во Еурофарм Пелистер 2 настпауваше во последните три сезони. 

Кружниот напаѓач викендов на натпревар со Сент Гален веќе дебитираше за новиот клуб, каде настапува и Мартин Поповски.