ФФМ со порака до ракометарите: „World Championship baby! Среќно, момци“

Македонија како прва резерва, во последен момент, влета во игра за настап на Светското ракометно првенство. На еден ден од стартот на шампионатот, Ракометната федерација на Македонија ја доби посакуваната покана од ИХФ, со што продолжува традицијата на настапи на нашите ракометари на големите натпреварувања. 

Момците на Данило Брестовац веќе се во Каиро и се подготвуваат за првиот дуел против Шведска, а на адреата на репрезентативците пристигна искрена порака од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

„World Championship baby! Тешко дека можеа да поминат подобро. Среќно, момци“, напишаа од ФФМ.

Дуелот меѓу Македонија и Шведска се игра вечерва со почеток од 20:30 часот и ќе биде втор од првото коло во групата Г, по синоќешната победа на Египет над Чиле.