Феноменалната Гулицоска го предводеше ЖРК Чаир до триумф над Колеџио Де Гаја

Екипата на ЖРК Чаир одигра одличен прв натпревар против Колеџио Де Гаја во шеснаесетинафиналето од Еврокупот на ЕХФ и извојува важна победа со конечен резултат 29-25. Двата натпревари се играат во Скопје, а овој првиот номинално нашиот претставник го играше како гостин. 

Македонскиот претставник во првото полувреме имаше само минимална негатива (16-15), а второто полувреме го започна со одлична игра и серија од 8-2. Сепак, Португалките го возвратија ударот и се вратија на -2 во 49. минута (21-23). 

Последните десет минути донесоа одново добра игра на нашиот клуб. Чаирчанки не дозволија да си ја загрозат предноста и успеаја повторно да се вратат во позитива од три гола, а на крајот сосема заслужено славеа со конечни 29-25. 

Најефикасна ракометарка кај ЖРК Чаир беше Теодора Гулицоска со тринаесет погодоци, а уште по шест погодоци додадоа Дукоска и Ѓорѓиевска. Возвратниот дуел меѓу овие две екипи се игра утре со почеток во 16:00 часот.