• Мартин Танасковски

Македонските екипи во СЕХА-лигата имаа половичен успех во пеналите. Вардар 1961 испадна од Нексе, додека Еурофарм Пелистер го мина Мешков Брест и се пласира на Ф4-турнирот во регионалното натпреварување.
Челниците на лигата ги одбраа најдобрите одбрани. Меѓу нив имаше место за еден претставник од нашите екипи во СЕХА. Очекувано, за топ-одбрана е избрана онаа на Урбан Лесјак од Еурофарм Пелистер, кој го фати клучниот пенал на Мешков и ги одведе „зелените“ за првпат на Ф4.
- Најдобрите одбрани во четвртфиналето на СЕХА:
Еурофарм Пелистер за првпат ќе игра на завршницата и ривал ќе му биде унгарски Веспрем, додека второто полуфинале го сочинуваат хрватските тимови ППД Загреб и Нексе.