„Фараонот“ Јахиа си оди од Веспрем и му се приклучува на ПСЖ

Францускиот ракометен првак Пари Сен Жермен ќе има големо засилување за следната сезона во името на десниот бек Омар Јахиа.

25-годишниот Египќанец долго време ги бранеше боите на Веспрем, но по пет години во унгарскиот тим, ќе бара нова авантура. Негов нов клуб ќе биде ПСЖ, кој успеа да го убеди да дојде во Франција со амбициозниот проект.

За египетскиот репрезентативец ПСЖ ќе биде втор клуб во Европа. Претходно тој играше во татковината каде ги носеше дресовите на Замалек и Гезира.