„Фараоните“ ќе се борат за светското злато во Скопје

Репрезентацијата на Египет ја прекина перфектната низа на репрезентацијата на Португалија и на Светското првенство (СП) за кадети кое се одржува во Скопје, во рамки на полуфиналето славеше сигурно (41-36).

Во еден натпревар во кој изобилуваа голови, како победници излегоа „фараоните“, кои за првпат ја победија пиринејската селекција која влезе со „вајлд-карта“ на овој ракометен собир.

Првиот дел беше изедначен, резултатот гласеше 20-19, меѓутоа во второто полувреме, разликата се направи кога Египет на стартот дојде до 24-19, највисока предност од пет гола и диктираше темпо на игра до самиот финиш. На Португалија не ѝ помогна и играта „седум на шест“.

  • Извештај од натпреварот: 

Најдобар кај Египет беше Елсајед со 11 гола, а Осман постигна шест, додека кај Португалија, најефикасен беше Салвадор со девет постигнати погодока.

Египет во финалето на кадетското Светското првенство во Скопје ќе се соочи со Германија или Данска.