• Мартин Танасковски

Екипата на Динамо Букурешт ја продолжи добрата низа во Лигата на шампионите, со победа над Висла Плок (26-28) во рамки на осмата рунда во ракометната елита.
Романскиот првак до победата дојде во второто полувреме, кога правеа разлика на теренот двајца египетски репрезентативци. Во еден момент Динамо поведе со три гола разлика (18-21) и така константно ја држеше.
Зеин и Шебиб од Египет стрелаа по петпати за победникот, а Бокан даде три гола, додека кај полскиот тим Тин Лучин имаше одлична партија со вкупно десет постигнати гола.
Во следното коло Динамо ќе биде домаќин на ППД Загреб, а Висла која е во серија од пет меча без успех игра со Веспрем.