ВИДЕО: Фановите на Тунис ги нападнаа Парондо и Египет среде финале!

Репрезентацијата на Египет предводена од Роберто Гарсија Парондо го совлада домаќинот Тунис (27-23) во финалето на Африканското првенство и обезбеди настап на Летните олимписките игри. 

<<< - ПОВРЗАНО - Парондо освои злато со Египет без пораз и патува на ЛОИ во Токио

Дуелот се играше во Тунис и очекувано се играше пред полна сала домашни фанови, поточно 12.000. Во еден момент навивачите почнаа да фрлаат разни предмети во теренот и средбата беше за кратко прекината. 

  • Инцидентот на натпреварот:  

Сепак, страстите на трибините брзо се смирија и натпреварот продолжи. 

Поранешниот тренер на Вардар ја водеше селекцијата до седмата континентална круна, но поважно го одмазди поразот од истиот противник од пред две години. Покрај титулата, Египет добива директна виза за настап на Летните олимписки игри во Токио.