„Фалангата“ часови порано ќе се загрева за клучниот дуел со Австрија

Утре завршува групната фаза на Европското првенство и ќе се знае судбината на нашиот национален тим. Пред дуелот со Австрија, нашите фанови не се откажуваат, туку ќе се обидат да им се спротистават на австриските на трибините на „Штадхале“.

Верните навивачки од 14:00 часот во локалот „Pasta Lounge” ќе ја подгреваат атмосферата за вечерашниот меч против Украина.

Овој локал кој се наоѓа на адресата „LERCHENFELDER GÜRTEL 15 1160 WIEN” во Виена ќе биде збирното место за македонските навивачи или таканаречената фан зона за време на шампионатот. Собиралишта со македонски навивачи ќе има и на уште неколку места во Виена, воглавно во близина на салата. 

На македонскиот национален тим потребна му е победа од два разлика за сигурен пласман во главната групна фаза.