ВИДЕО: „Фалангата“ спремна за уште една ракометна битка на четата на Лазаров

Македонската ракометна репрезентација и против Португалија нема да биде сама во Хернинг, бидејќи трибините повторно ќе ги „освои“ популарната „Фаланга“. Стотици македонски фанови веќе пристигнаа во „Јуске Банк Боксен Арената“ и со црвено-жолти знамиња, шалови и дресови се загреваат за клучниот натпревар на нашите избраници.

Песни, тапани и скандирања се дел од добро познатата приказна, со која „Фалангата“ со години важи за една од најгласните и најорганизираните навивачки групи на ракометните турнири.

Поддршката од трибините секогаш била силен адут за македонските ракометари, а токму против Португалија се очекува уште една спектакуларна навивачка претстава која ќе им даде дополнителна енергија на избраниците на Лазаров.

Натпреварот со Португалија е од круцијално значење за македонската репрезентација, бидејќи само со победа остануваме во игра за пласман во втората фаза. Стартот на натпреварот е предвиден за 18:00 часот.