Ф4 во СЕХА лигата се сели во Русија, домаќин Санкт Петербург

Во пресрет на завршницата од групната фаза во дивизијата Југ во СЕХА лигата, раководството на регионалното натпреварување објави дека овосезонскиот завршен турнир ќе се одржи во Русија, поточно во Санкт Петербург од 6 до 8 јуни. На него ќе учествуваат четирите најдобри екипи по завршувањето на четвртфиналната фаза меѓу најдобрите тимови од дивизијата Исток и Југ.

Што се однесува до Истокот, во кој учествуваат руски и белоруски тимови, во плеј-офот се пласираа Чеховски Медведи, Мешков Брест, СКА Минск и Перм Медведи. Во групната фаза на дивизијата Југ остануваат уште два натпревари во групата Б меѓу Татран и Партизан на 21 и 27 март. После тоа ќе бидат објавени двојките за плеј-офот.

Веспрем и Загреб стартуваат од нокаут-фазата со оглед дека се финалисти од минатата сезона. Распоредот од плеј-офот во дивизијата Југ.

Пар 1
Тим 4 од групата Б – Телеком Веспрем
Телеком Веспрем – Тим 4 Група Б

Пар 2
30 март. Нексе НашицеППД Загреб
4 април  ППД Загреб – Нексе Нашице

Пар 3
5 април Тим 3 од групата Б – „Војводина
12 април Војводина – Тим 3 Група Б

Пар 4
4 април Еурофарм Пелистер – Тим 2 Група Б
12 април Тим 2 од групата Б – Еурофарм Пелистер

Во периодот од 14 до 17 април ќе се одиграат првите натпревари од четвртфиналето:

Победник на парот еден од плејофот дивизија Југ - Перм Беарс

Победник на парот два од плејофот дивизија Југ - СКА-Минск

Победник на парот три од плејофот дивизија Југ - Мешков Брест

Победникот од парот четири  од плејофот дивизија Југ - Чешки Медведи

Во периодот од 21 до 22 април ќе се одиграат реванш натпреварите од четвртфиналето:

Победниците од оваа фаза  учествуваат на Ф4 турнирот кој од 6 до 8 јуни ќе се одржи во „Сибур Арената“ во Санкт Петербург.