Ф4 ракомет: Барса мина „најлесно“, парижани на мегдан со Киелце

Ракометна Европа ги дозна полуфиналните парови за „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на шампионите. Стандардно, во „Ланксес Арената“ во Келн ќе се судрат најуспешните четири екипи оваа сезона, во битката за трофејот. 

На денешната ждрепка во германскиот град, среќата посака „домашниот“ Магдебург да ја добие Барселона, додека Пари Сен Жермен ќе оди на мегдан со Киелце. 

  • Полуфинални парови во Лигата на шампионите:

Магдебург - Барселона
ПСЖ - Киелце

Трофејот од минатата сезона ќе го брани Барселона, а на патот кон ново финале го има германскиот противник. Во другата пресметка екс-вардаровиот тренер Раул Гонзалез ќе се прости од ПСЖ во Келн, каде што ќе треба да го победи Киелце а Талант Дујшебаев за место во финалето. 

Натпреварите во „Ланксес Арена“ се играат на 17 и 18 јуни.