Ф. Лазаров: Јапонија напредува, но ние сме фаворити и нема да нè изненадат

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Македонската ракометна репрезентација вчера тренираше во „Олимпија хале“ и потоа низ видео снимки се подготви за дуелот со Јапонија денес од 15:30 часот.

Еден од нашите најискусни ракометари и учесник на седмо големо натпреварување по ред, Филип Лазаров, верува дека и покрај напредокот, Јапонија ќе биде совладана попладнево во Минхен.

„Секој почеток на големо натпреварување е важен, а ние сме подготвени за Јапонија. Гледавме ако играат, имаат напредок во играта, но ние сме фаворити и верувам дека нема да има изненадувања. Ќе одиме со мислите натпревар по натпревар и така верувам ќе ја оствариме целта и ќе се пласираме во следната рунда“, смета ракометарот на Ратинген.

Македонија има позитивен старт на Светските првенства, а последниот добар сигнал беше победата против Тунис во првото коло во Мец пред две години. Токму таа победа ни ги отвори вратите кон втората рунда, која подоцна ја верификувавме со победа над Ангола и реми со Исланд

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0